Во Министерството за економија почна изготвувањето на обновените лиценци за трговците кои вршат продажба на алкохолни пијалаци на мало. Како што информираат надлежните од ова ресорно министерство, досега се доставени околу 400 барања, а речиси половина од нив се изготвени. Според Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија, од први септември трговците почнаа да доставуваат барања за обновата на лиценцата за работа, бидејќи првите вакви лиценци беа издадени пред две години, а нивната важност веќе истекува. До крајот на годинава треба да се обноват 3.742 лиценци, а само во септември бројката е околу две илјади. Таа додадава дека според нивната евиденција во октомври минатата година беа издадени уште 253 лиценци, во ноември 158, и во декември истата година уште 138 лиценци. Министерството за економија истовремено ги потсетува и ги предупредува трговците на мало кои поседуваат лиценца за продажба на алкохолни пијалаци, да внимаваат на рокот на важност на издадената лиценца и навреме да ја обноват.
Во Министерството за економија почна изготвувањето на обновените лиценци за трговците кои вршат продажба на алкохолни пијалаци на мало.
Како што информираат надлежните од ова ресорно министерство, досега се доставени околу 400 барања, а речиси половина од нив се изготвени.
Според Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија, од први септември трговците почнаа да доставуваат барања за обновата на лиценцата за работа, бидејќи првите вакви лиценци беа издадени пред две години, а нивната важност веќе истекува.
-До крајот на годинава треба да се обноват 3.742 лиценци, а само во септември бројката е околу две илјади - вели Барути.
Таа додадава дека според нивната евиденција во октомври минатата година беа издадени уште 253 лиценци, во ноември 158, и во декември истата година уште 138 лиценци.
Министерството за економија истовремено ги потсетува и ги предупредува трговците на мало кои поседуваат лиценца за продажба на алкохолни пијалаци, да внимаваат на рокот на важност на издадената лиценца и навреме да ја обноват. Заради запазување на постапката се препорачува најмалку пет дена пред истекот на рокот на важност на лиценцата до Министерството за економија да се достави барање за издавање на нова лиценца која чини 20.000 денари.
Од Министерството ги предупредуваат трговците кои нема да достават барање за издавање на нова лиценца, веднаш ќе треба да престанат со продажба на алкохол. Државниот пазарен инспекторат веќе ги засилил контролите и ќе проверува колку од трговците го почитуваат законот.